Природна убавина…
Постои ли кај нас?
Едноставното е секогаш најубаво, но колку од нас овде го сфаќаме тоа?



Фотографии на: Garance Dore’ и Yvan Rodic
Постои ли кај нас?
Едноставното е секогаш најубаво, но колку од нас овде го сфаќаме тоа?



Фотографии на: Garance Dore’ и Yvan Rodic
Мњам, мњам :)

Секогаш кога се будам (покрај ритуалот во бањата) следи ритуал со правење турско кафе во кујна, резервирање на фотелјата (it’s mine!), пуштање на ТВ и листање на дневните весници на мојот телефон, ѕиркање новости на fb, twitter, yahoo mail i blog.mk, итн. Овојпат, во кујната ме чекаа намирниците на сликата. Моите дома одлучиле да им го направам мојот famous колач во кој сите уживаат, колачот со вишни.
Бидејќи ми беа потребни буквално 10 минути за спремање на колачот, си реков „Зошто па да не?“ :)
Сигурна сум дека има доста варијанти на ова благо задоволство, но еве ја мојата…
Ни требаат следниве состојки:

2 јајца
2 чашки шеќер
1 чашка масло
1 чашка млеко
3 чашки брашно
1 пециво
1 канче вишни
Се мешаат сите заедно. Овојпат (велам овојпат затоа што многу често менувам распоред на состојки) почнав со јајцата, па шеќерот. Мешав, па додадов чашка брашно со пецивото во него (мешав) па млекото (мешав), па маслото (и пак мешав) :), за на крај да ги додадам преостанатите 2 чашки брашно. Јас користев поголем филџан (не чаша), но не би требало да има некоја разлика се’ додека ја користите истата чашка за мерење на сите состојки.
Смесата, течна, но и густа, ја ставив во поголем кружен плех (ми се допаѓа кога тестото е потенко) и над неа ги додадов вишните. Вишните ги купувам замрзнати (во Веро ги продаваат замрзнати во бела кутија со вишни на неа, но и во зелена кеса која мислам дека има повеќе грама вишни). Не е лошо да ги оставите да се одмрзнат пред тоа, не сакате да се стопат во рерната и наместо колач, да испадне кашесто тесто поради водата :)
Совет 1: Вишните знаат да ги обојат прстите и ноктите, а потоа се убиваш од миење со сјај, прашок, сапун итн., но бојата никако нема да излезе. Затоа пред да ги фатам, ставам масло на прстите од двете раце. Тоа помага бојата да не навлезе во кожата, туку да се лизга по неа. После само топла вода и сапунче и суперичка (како да не си имал/а работа со вишни) :)
Го ставаш плехот во претходно загреана рерна, на 220 степени и печеш околу 15-тина минути или се’ додека не добие бронзена боја.

Совет 2: За да се осигураш дека колачот е доволно испечен, земи чачкалица и боцни ja на средина. Извади ја и погледни дали на чачкалицата има останато од смесата за колачот, дали се прилепила. Ако да, врати го во рерна. Ако не, it’s done! :)
Откако ќе го извадиш, остави го да се излади. Потоа, нароси му шеќер во прав и voila! Bon apetit! ;)

Хахахах…
Деновиве, како единствено засолниште од секојдневниот, понекогаш монотон и исполнет-со-работа живот ми е играта The Sims 3. Не знам колку од вас ја играат, посакувам да имав некоја претстава па да имав и виртуелно другарче кое немаше да ми се смее на моите забеганости :))
Како и да е, како вљубеник во храната, еве ја виртуелната во мене. Следат само неколку screenshots, повеќето го содржат моето хоби (готвењето), но и други аспекти од мојот живот, како постојаното доцнење на работа и мојата другарка која е пицоман како и јас (но, таму се уште не најдов Dal Met Fu или сегашен Пелистер (како преферирате) :)









Тој, фотограф.
Таа, уметник.
Кучето, нивното најомилено друштво.
Со години си го замислувам моето идеално живеалиште, но никогаш нема добиено конечна форма. Еднаш е куќа, другпат е стан, па понекогаш дури студио на таванот од некоја зграда во Meat District, во Њујорк.
Но, домот на Ден и Шена ми изгледа како совршена комбинација, направена од сите мои мисловни слајдови кои можат да го претстават секој агол на мојот идеален дом!
Мојот идеален дом е всушност наш, на мене и на мојот драг. Тој ги опфаќа сите сфери од нашиот живот. Полиците со книги како дел од нашиот интелектуален развиток, меката еднобојна постела како дел од нашата интимна блискост, сликата The Kiss од Климт и онаа со два пара дланки и мали стапала од нашите омилени и најмлади уметници (како дел од нашето минато и нашата крв), па дури и керамичките теглички на полицата во кујна, една со планински чај, друга со оној од јасмин, трета со житарици, четврта со тутунот за наргиле со вкус на зелено јаболко, итн.
Домот на Ден и Шена е сличен на оној мојот, во моите мисли. И тие изгледаат среќно, мирно и духовно исполнети. И тие изгледаат како да немаат ниту една грижа на светов, благодарение на таа сигурност во нивните приоритети.
Ова се Ден и Шена во својот дом:


Дрвото е присутно насекаде низ куќата. Таа е направена да изгледа старомодно, со селски елементи кои контрираат на оние модерните, како што е масата со столчиња, па дури и корпата за ѓубре во позадина.

Тоа што е интересно е кујната. Дрвена, старомодна, полна со теглички туршија, домашен џем и прекрасно домашно лепче. Кујна од соништата :)



Спалната е се’ што се и самите тие, разиграна, топла и полна со убава енергија.

Како централен дел од нивното засолниште е градината. Покрај прекрасниот базен, тие си посадиле и краставички, тиквички, зелени и црвени мали доматчиња. Епа, преслатко. Секој кој може да си оддели време за хоби кое бара посебна грижа и нега е човек кој е пресреќен во животот и кој знае да ги цени тие мали нешта во животот кои усреќуваат како ништо друго на светот.





Скрол надолу и погледнете ги останатите убавини од нивниот дом, а јас…јас ќе го наполнам стаклениот, огромен сад во центарот на мојот дневен престој со карамели, бајадери и кики. Слатки, затоа што мојот живот е сладок :)





Thanks to: Selby
Ахам! Се согласувам дека се прекрасни, но не се согласувам со тоа само Боки 13-ка да ги носи (иако, не му стојат лошо) :)
Наочариве се детаљ кој, несомнено, те прави посебен/на. Те отстрануваат од полицата на едно-те-исто и те враќаат назад, на онаа оригиналната. Оттаму, понекогаш ќе наслушнеш бесмислени кикоти (небитни, затоа што се….па…неоригинални), но и ќе наидеш на восхити и скриена завист (I want to look like her-тип на коментари).
Тоа е се…….за денес :)


Уште кога чув дека ќе дојдат во Хавана, си реков дека местото е утка! Зошто? Не се тие Елементал (кои ги обожавам btw). Не, тие се Негатив, рок-бенд кој уште одамна допира до младите генерациии (сега веќе и постари, имајќи предвид дека првиот албум им излезе во 1999). Феноменалниот водечки вокал т.е. гласот на Ивана Петерс може да се поистовети со оној на Skin, од Skunk Anansie. Тоа беа времиња!
Си ветив дека нема да го пропуштам концертот, долго време беше закажуван, па откажуван…Отидов и….страшно! Убаво (нели, долгоочекувано!), но истовремено страшно. Како да се наоѓав на Златно славејче, само таму културно си седев до мама и ги слушав песничките. Добро, можеби ќе потпевнев понекоја, но во никој случај не им рикав на луѓето до мене.
Со драгиот ми, сфативме дека има голема разлика помеѓу девојките-рокерки и оние, те-клаберки-те-раперки-те-не-знам-какви. Во случајов, ги претпочитав оние последните. Па, покрај тоа што шетаат наоколу како на модна писта, барем знаат да се извинат ако те згазнат или те истушираат со пијалокот. Овие, првиве, се невидено разлутени, бесни и bad-ass-motha-fucka-уфилмани. Разбирам дека музиката доста влијае на состојбата на умот, на расположението и изразот на лицето, но можеби треба да се запрашаат дали тоа што го слушаат навистина ги прави среќни. Не ми изгледаа за такви.
Јас пак, имам поинакво искуство. Сум имала епизоди, кои на (плитко и засрамувачко) реално шоу, како оние на MTV, би наликувало на The Osbournes ( : Да, Ja bih te sanjala пуштена до даска, боса, ќе скокав од еден крај на собата до друг додека очајно се обидував да го извадам вокалот на Ивана од моите гласни жици. Неуспешно, секако, но wow, тоа беше добар вентил за таа негативна, пуста тинејџерска енергија. Би им го предложила тоа на сите наши рокери и рокерки out there. Го делам нивниот вкус за музика, но не и начинот на слушање на истата.
Пропуштивме да уживаме во тоа што се вика редок вокал и во тоа што, инаку, би било одличен концерт.
Еве 2 минути од концертот во Хавана, Скопје.